К.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 1 часот по полноќ претходната вечер, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот другар Н.С. биле физички нападнати од неколку лица вработени како обезбедување во објектот, кои му одзеле и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.