Вдовицата на Навални: Ќе се кандидирам за претседател на Русија

navalna1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јулија Навална, вдовица на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави за Би-Би-Си дека има намера да биде претседател на Русија. Таа вели дека таа одлука како и многу други ја донела со сопругот.


Навална знае дека се соочува со апсење доколку се врати дома додека Путин е сè уште на власт. Неговата администрација ја обвини за учество во екстремизам.

Нејзиниот сопруг, најгласниот критичар на претседателот Путин, беше осуден на 19 години за екстремизам, обвиненија кои се сметаа за политички мотивирани. Тој почина во февруари во брутална казнена колонија во Арктичкиот круг. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема сомнеж дека Путин е виновен. Русија негира дека Навални е убиен.

Презентирајќи го „Патриот“, мемоарите што нејзиниот сопруг ги напиша пред неговата смрт, Навална ги повтори своите планови да ја продолжи борбата на нејзиниот сопруг за демократија.

„Кога ќе дојде време, ќе учествувам на претседателските избори како кандидат. Мој политички противник е Владимир Путин. И ќе направам се за да го урнеме неговиот режим што е можно поскоро“, рече Навална. Но, сега мора да биде надвор од Русија.

Навална вели дека не може да се врати додека Путин е на чело, но со нетрпение го очекува денот за кој верува дека неизбежно ќе дојде, кога ерата на Путин ќе заврши и Русија повторно ќе се отвори. Исто како и нејзиниот сопруг, таа верува дека ќе има можност да се одржат слободни и фер избори. Кога тоа ќе се случи, таа вели дека ќе биде таму.

Таа реакцијата на меѓународната заедница за смртта на нејзиниот сопруг Навални ја нарекува „шега“ и ги повикува „малку помалку да се плашат“ од Путин. Таа сака да го види претседателот затворен.

Русите тврдат дека Навални починал од природна смрт. Навална смета дека претседателот Путин го наредил неговото убиство. „Владимир Путин е одговорен за смртта и убиството на мојот сопруг“, вели Јулија Навална.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK