ВМРО-ДПМНЕ: По целосната партизација од страна на СДС на безбедносните служби, следи нивна професионализација

vmro-dpmne-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС целосно ја партизираше државата така што и во безбедносните структури, место професионалци, на раководни позиции назначуваше партиски послушници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Изминатите седум години на власт СДС во клучните Агенции за национална безбедност (АНБ) и за разознавање (АР), од суштинска важност за безбедноста на Македонија, постави некомпетентни и партиски кадри.

Таков е случајот со партискиот функционер, Виктор Димовски кого СДС го постави на чело на АНБ. Димовски беше член на ИО на СДС, кое е највисоко тело во опозициската партија, а беше и член на нивните комисии.

Додека пак Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, злоупотребувајќи ја позицијата, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а од агенцијата направи партиски штаб на СДС.

Исто така, потсетуваме дека СДС изврши партизација и во УБК, кога за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, а потоа стана и генерален секретар.

Но, за разлика од партиските назначувања на СДС, за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е стручноста, професионализмот и компетентноста на кадрите. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на професионализмот и интегритетот во безбедносните служби, кои ќе работат за заштита на државните интереси и независноста на службите.

На сите им е јасно дека, ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува практиката на партиска контрола над безбедносните служби. Стручноста, професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи.

Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот и државата, а не како до сега што служеа како инструмент за партизација“, пишува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK