Пригодно одбележан 17 Октомври – “Ден на Команда за операции”

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во касарната “Боро Менков” – Куманово, делегација од Општина Куманово составена од секретарот Александар Гелевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставникот од општинската админстрација, Стефан Петковски, присуствуваше на пригодна свеченост, по повод Денот на Команда за операции, на покана на командантот на Команда за операции, бригадниот генерал Бесник Емини.
На воената манифестација присуствуваа бројни високи државни претставници, делегации од Министерството за одбрана, од Генералштабот, претставници од дипломатскиот кор и раководни лица од повеќе институции на локалната самоуптава.
Традиционалното одбележување на 17 Октомври е поврзано со светол датум од македонската историја, ден кога е формиран првиот воен штаб, за време на Кресненското востание во 1887 година.








 

The post Пригодно одбележан 17 Октомври – “Ден на Команда за операции” first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK