Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

stojanovik_makpetrol_tim
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, Стефан Стојановиќ (+84 кг), освои бронзен медал. За него синоќа беше организиран специјален пречек со сите почести во матичниот клуб „Макпетрол“.

На собирот присуствуваа сите другари од клубот предводени од стратегот на „Макпетрол“, Бошко Заборски кој не го криеше задоволството од успехот на Стефан, како и тренерот Петар Заборски, кој се рехабилитира од повредата.


Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на шампионатот. Тој во борбата за бронзениот медал го совлада Германецот Николаи Секот со 3-2, и тоа со пресврт, бидејќи противникот ги освои првите два поени.

На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските шампионати, бидејќи пред две години во Коња, Турција, освои сребро. Тој е единствен каратист од Македонија со две одличја од два мунијала во У-21. Стефан е прв на Светската ранг-листа на ВКФ во категоријата над 84 килограми во У-21.

Ова се останатите резултати на Стојановиќ против: Алишер Таижан (Казахстан) 1-0; Константин Ковуров (неутреален) 2-1; Етан Смол (Канада) 4-1; Матео Аванзини (Италија) 3-3.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK