Германските компании се потешко добиваат заеми

677.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.


Во септември, приближно 32,9 отсто од анкетираните компании во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето заеми, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто.

Резултатот покажува дека компаниите во Германија сега имаат најмногу проблеми да добијат заеми од 2017 година.

На потешкотии при одобрување кредити особено се жалат компаниите од услужниот сектор, каде проблеми пријавиле 35,7 отсто од анкетираните компании, како и 34,3 отсто од компаниите од индустријата.

Недостатокот на нарачки во многу сектори ги тера банките повнимателно да ја проверуваат кредитната способност на компаниите, изјави експертот на ИФО, Клаус Волрабе.

За разлика од нив, германските компании во градежништвото, трговијата на големо и мало нешто полесно добиваат кредити, се заклучува во извештајот на веб-страницата на IFO.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK