Меџити-Корсмо: во фокусот привлекување на инвеститори на македонскиот пазар

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска одржа работна средба со делегацијата на Глобалната организација за поддршка на претпријатијата – SEED, предводена од нејзиниот основач и лидер, Стеинар Хоел Корсмо.



На средбата, на која присуствуваа и претприемачите Ислам Полику и Исамет Бакиу, инвеститори од Норвешка, се разговараше за можноста за привлекување на инвеститори од оваа организација на пазарот во Северна Македонија, имајќи предвид дека оваа мрежа на инвеститори развива програми во над 50 земји од светот, што обезбедуваат пристап до финансии од приватен капитал за отварање нови бизниси (старт-ап) и за компании во развој (скале-апс).

Основачот Стеинар Хоел Корсмо информираше дека Глобалната организација за поддршка на претпријатијата – SEED, од 2002 година, управувала повеќе од 130 донаторски проекти во нордискиот и балтичкиот регион на Европа, Источна Централна Европа, Западен Балкан, Кина, Југоисточна Азија, Источна Африка и Латинска Америка.

Според него, развиени се одлични програми за претприемништво, како што се мрежата на иновативните центри i-HUB, мрежите на бизнис ангели, технолошката комерцијализација и обуката за претприемништво за млади, а, како што рече, нивната цел е да вклучат старт-ап и скал-апс компании од Република Северна Македонија во глобалната програма „Seed Forum“.

Меџити на средбата истакна дека Владата е посветена на привлекување странски инвестиции, а особено на позитивни практики на пазарот во Северна Македонија, а отворањето на центар во Скопје ќе помогне при стартување на нови претпријатија и ќе отвори можности за нивно приклучување кон странски компании.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK