(Видео) Снимен моментот кога Северна Кореја ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна

6d7902fc-77e0-4017-bdbd-20a466920785.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северна Кореја разнесе делови од патот на својата страна од силно милитаризираната граница меѓу двете Кореи, објави началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја, кој сподели и видео од инцидентот.


Околу пладне по локално време, разнесени се делови од патот северно од воената демаркациона линија меѓу двете земји, соопшти Здружениот штаб. Јужнокорејската војска го засили надзорот и подготвеноста за одговор, се додава.

Сеул претходно предупреди дека Пјонгјанг планира да разнесе патишта. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја дека испраќа беспилотни летала над нејзиниот главен град Пјонгјанг.

Северна Кореја во петокот соопшти дека беспилотните летала фрлиле голем број непријателски летоци врз Пјонгјанг, што го смета за политичка и воена провокација што може да доведе до вооружен конфликт.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја одби да каже дали со наводните беспилотни летала управувала јужнокорејската војска или цивили во понеделникот.

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, во понеделникот се сретна со претставници на одбраната и безбедноста, а тема на разговорот беше одговорот на „сериозната непријателска провокација која го наруши суверенитетот на КНДР“, објави севернокорејскиот државен медиум КЦНА.

Руското Министерство за надворешни работи вчера ја обвини Јужна Кореја за зголемување на тензиите со соседната земја и повика на дипломатија за воспоставување мир и безбедност на Корејскиот полуостров.

„Обезбедувањето долгорочен мир и стабилност во подрегионот е можно само преку политички и дипломатски средства. Нема алтернатива освен ако агресијата не е вистинската цел на Јужна Кореја и нејзиниот поголем сојузник, САД“, изјави портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

Русија и Северна Кореја ги зајакнаа дипломатските и воените врски од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Во понеделникот Путин до Думата, долниот дом на рускиот парламент, достави текст за ратификација на договорот за стратешко партнерство со Северна Кореја, објави новинската агенција Интерфакс. Во случај на вооружен напад на едната земја, другата треба да и пружи воена помош, стои во текстот на договорот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK