Сирени за тревога во централен Израел, пресретнати проектили од Либан

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сирените денеска се вклучија во централниот дел на Израел поради проектили истрелани од Либан, но израелската војска подоцна објави дека „ги пресретнала сите закани“, пренесуваат медиумите во регионот.



Сирените се огласија во Тел Авив, економскиот центар на земјата, соопшти полицијата, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврди што било погодено од остатоците од ракетата.

Овој ракетен бараж беше истрелан на денот на нападот со беспилотно летало на Хезболах во кој загинаа четворица израелски војници во близина на Хаифа на северот на земјата. Тоа беше најсмртоносниот напад врз Израел од почетокот на израелската копнена офанзива во јужен Либан на крајот на септември, пишуваат медиумите.

Израелската противвоздушна одбрана, особено системот Железна купола, успешно ги пресретна повеќето проектили истрелани од Либан и има малку жртви од удар или паѓање на остатоци, стои во написите.

Фронтот што Хезболах го отвори против Израел во октомври 2023 година за да го поддржи палестинскиот Хамас се претвори во отворена војна на 23 септември со почетокот на интензивното израелско бомбардирање на упориштата на Хезболах во Либан, кога беше убиен лидерот на движењето Хасан Насрала.

Израелската армија потоа започна копнена офанзива против Хезболах во јужен Либан на 30 септември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK