Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата.
Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ досега се потврдени четири смртни случаи. Потрагата по уште едно исчезнато лице од Коњиќ се уште трае, јавува „Аваз“.
Поради големи поплави и одрони, сообраќајот на автопатот Коњиќ – Јабланица – Комадиново Врело беше во прекин претходните седум дена. Одроните предизвикаа голема штета, одземајќи делови од коловозот и железничките пруги, но интервентната санација овозможи да минат спасувачките екипи и итните служби.