Празнични манифестации на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово

IMG_8136.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аеро клуб “Куманово”  беше домаќин на трето издание (III) Меѓународен Бланик камп куп и воедно организатор на Петта (V) лига во прецизно слетување со едрилица BLANIK L-23 и Меѓународен падобрански куп, по повод Денот на народното востание на македонскиот народ – 11 Октомври.
На спортските настани кои се одржаа во текот на 11 и 12 октомври, учествуваа аеро клубови од сите поранешни  југословенски републики, кои успешно ја продолжуваат меѓусебната соработка, со цел да ги развиваат воздухопловните активности на повисоко ниво, во интернационални рамки.
Кумановскиот аеро клуб кој постои веќе 96 години, континуирано работи во насока на едуцирање и развој на спортското воздухопловство во општеството и како основач на Воздухопловната федерација на Македонија, активно учествува на национални и меѓународни првенства со свои членови и спортисти.



The post Празнични манифестации на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK