Мотор удри во авромобил во Прилеп, сопатничката е тешко повредена

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во полицијата во Прилеп било пријавено дека на улицата Орде Чопела во градот, мотоцикл „хонда” со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.(25) од с.Долнени, прилепско, удрил во заден дел на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од С.С.(40) од Скопје.



Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила  Б.Д.(33) од с.Чепигово, сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот З.Ѓ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK