Северина објави нови фотографии на социјалните мрежи, а особено внимание привлекоа нејзините чевли. Во описот на објавата напишала: „GolubiceBijela.mp3“.
Овој пат таа се одлучи за сива јакна, шорц и ролка, но најмногу се истакнаа нејзините потпетици украсени со раскошни пердуви. Целиот стајлинг го комплетираше со бордо чанта.
View this post on Instagram
„Божествена како и секогаш, а чевлите се неверојатни, само ти го можеш тоа“, „Фантастична“, „Совршена, сите се заљубени во тебе“, беа само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Северина често ја изненадува јавноста со изборот на облека, а неодамна повторно изненади со изборот на обувки. Таа се прошета низ плоштадот Свети Марко во розева комбинација и бели чизми. Цената на нејзините чизми на официјалната веб-страница е 704 евра.