Најмалку 16 лица загинаа кога ураганот Милтон ја погоди Флорида во текот на ноќта, предизвикувајќи поплави, силни ветрови и торнада, потврдија официјални лица за Си-би-ес.
„Милтон“ во четвртокот остави без струја повеќе од 3 милиони потрошувачи.
Ураганот ја погоди земјата како бура од трета категорија, со ветрови посилни од 200 км/ч.
Донесе силен дожд, бранови од неколку метри, додека беше издадено предупредување за повеќе од 20 торнада, од кои некои оставија пустош по нив.
Бранот на уништување најдобро се гледа од воздушните снимки:
Drone footage showed destroyed buildings, uprooted trees and debris after tornados triggered by Hurricane Milton ripped through Florida https://t.co/DwAI0gmXR2 pic.twitter.com/nUMDSvYEtA
— Reuters (@Reuters) October 11, 2024
Спасувачките напори се во тек откако смртоносниот ураган ја зафати Флорида, предизвикувајќи поплави, уривајќи кранови и го однесе покривот на стадионот.
Иако се стравува дека бројот на загинати ќе расте, властите велат дека е избегнато најлошото сценарио.
Како петти најсилен ураган во Атлантикот во историјата, Милтон би можел да ги чини осигурителните компании до 100 милијарди долари, велат аналитичарите.
Белата куќа вети поддршка на владата бидејќи се уште се утврдува целосниот обем на штетата.