Јаневска: Потребно ни е стручно образование во функција на стопанството

Trkalezna-masa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако не креираме стручно образование по мерка на бизнис заедницата, тогаш сме ја промашиле целта. Нам ни е потребен образовен систем кој ќе биде во функција на задоволување на потребите на општеството, на економијата и индустријата. И затоа, ја јакнеме врската со компаниите, ги слушаме потребите на бизнисот и заедно учествуваме во образувањето на нашата младина. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на
денешната тркалезна маса посветена на улогата на компаниите во креирањето на стручното образование и обука во Македонија, организирана од Стопанската комора.


„Стручното образование и обука доживуваат голем прогрес во изминатиот период. Стручните училишта стануваат атрактивни и привлечни за младите, па така денеска од 17 илјади ученици во прва година средно, 12 илјади се запишани во средни стручни училишта, од нив околу 4000 учат во дуални паралелки, односно според концепт на учење преку работа“, информираше Јаневска, додавајќи дека и покрај овие исклучително позитивни резултати од заедничките напори на институциите и на бизнис заедницата, сепак, свесна е дека постојат и предизвици на кои мора да се работи.

„Тука сум да ги слушнам вашите сугестии и препораки како да одиме напред, како да го подобриме квалитетот на наставата и ве уверувам дека секоја издржана препорака или сугестија ќе биде вградена во новиот Закон за средно стручно образование, за кој во моментов имаме јавна дебата, и потоа, сето тоа имплементирано во пракса“, рече Јаневска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK