(Видео) Надал ја заврши кариерата

gettyimages-1241120192.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека се повлекува од тенисот.



„Поздрав до сите. Овде сум да ве информирам дека ставам крај на мојата професионална кариера. Реалноста е дека имав тешки години зад мене, особено тешки беа последните две.

Мислам дека не би можел да играм без ограничувања. Ова е секако тешка одлука, за која ми требаше малку време да ја донесам. Но, сè во животот има почеток и крај и мислам дека ова е вистинско време да се стави крај на кариерата која беше долга и многу поуспешна отколку што можев да замислам.

Многу сум возбуден што мојот последен турнир ќе биде финалето на Дејвис купот каде ќе ја претставувам мојата земја. Мислам дека го затворив кругот, бидејќи еден од првите успеси во кариерата беше играњето во финалето на Дејвис купот во Севилја во 2004 година.

Се чувствувам многу, многу среќен поради сите работи што ги доживеав. Сакам да се заблагодарам на целата тениска индустрија. На сите кои се дел од овој спорт, на сите мои колеги, особено на моите најголеми ривали. Поминав многу часови со нив и доживеав многу моменти кои ќе ги паметам до крајот на мојот живот“, изјави Шпанецот.

Легендарниот тенисер реши да стави крај на својата тениска кариера која изобилуваше со одлични резултати, што го вбројува меѓу најдобрите тенисери на сите времиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK