САД веруваат дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е жив и се крие во тунел во Газа

Screenshot-2024-10-10-094647-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД веруваат дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е жив и веројатно се крие во подземен тунел во Појасот Газа со заложници во близина, изјави денеска Бред Мекгурк, специјален советник на Белата куќа за Блискиот Исток и Северна Африка.



„Јахја Синвар останува тој што одлучува. Веруваме дека тој е жив и е во тунел под Газа, веројатно со заложници во близина“, рече Мекгурк за време на разговорот со американските рабини, пренесува Тајмс оф Израел.

Ова се најдеталните информации за статусот на Синвар од висок американски функционер за неколку недели, ако не и месеци, пишува израелскиот дневен весник.

Во текот на изминатите неколку дена, медиумите објавија дека Синвар, откако беше недостапен повеќе од еден месец, повторно воспостави контакт со претставници на Хамас надвор од Појасот Газа.

Мекгурк рече дека американската влада верува дека војната во Појасот Газа може веднаш да заврши доколку Синвар се согласи да ги ослободи преостанатите израелски заложници кои ги држи Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK