Најмалку едно лице загина во ураганот Кирк што ја погоди Франција

ф.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку едно лице загина кога ураганот Кирк го погоди јужниот дел на Франција, а повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја, јави утринава француската телевизија BFM.



Ветерот преврте три чамци во близина на пристаништето Сет, на југот на Франција, при што едно лице загина а еден е во критична состојба.

Трите најзагрозени општини се Атлантските Пиринеи, каде 16.000 домаќинства се без струја, Ду, каде 9.500 домаќинства остануваат без струја и Јура, 4.900.

Железничкиот сообраќај утрово беше во прекин на неколку локални линии во пет региони поради поплави и дрвја кои паднаа на шините поради ураганот Кирк.

Францускиот весник „Фигаро“ објави дека синоќа е забележана голема штета во просториите на Националното собрание. Во делот каде што се наоѓаат пратеничките канцеларии, вода навлегла во дел од просториите, особено во подрумот, јавува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK