Не се проблем отворените непријателства –
знаеш на што си.
Проблем можат да бидат привидните пријатели –
тие што те мразат само зашто постоиш,
оти си сето она што никогаш нема да можат
да бидат (а сакаат),агресивно амбициозни и трагично неспособни;
и оние, кои бодат нож во грб додека те гушкаат,
кои газат и јадат живи луѓе со реченицата
“се грижам за тебе”,
додека работат само и само за личен интерес.
Тие може да се проблем
додека не почнеш да ги читаш
како селски буквар.
После само ти се гади.
Ама не е проблем.