Мареска цели кон напаѓач: Бонифејс е желба на Челзи

Screenshot-2024-10-07-211346.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Челзи одлично ја започна новата сезона. Доаѓањето на Енцо Мареска е освежување на „Стемфорд Бриџ“, а на тренерот на „сините“ се уште му недостига напаѓач кој како да го пронајдоа.


Николас Џексон одлично ја започна сезоната и постигнува многу голови, но Челзи би сакал да купи уште еден центарфор од светска класа. Го најдоа во Германија.

Лондонскиот клуб го таргетираше Виктор Бонифејс како потенцијално засилување во шпицот на сезоната. Нигериецот и оваа сезона игра фантастично, па не изненадува интересот на големите клубови за него.

Бонифејс оваа сезона во Бундеслигата постигна четири гола на шест натпревари и се наоѓа во добра форма. Почувствува и како е да се игра во Лигата на шампионите, па е уште поискусен од претходната сезона.

Сепак, останува прашањето дали Леверкузен ќе го пушти зимава, бидејќи Нигериецот е важен играч и има важечки договор до 2028 година.

Според проценетиот пазар, Бонифејс вреди 40 милиони евра, но сепак Челзи би требало да плати многу повеќе. Тоа не им беше проблем во минатото…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK