Милан не успеа да го избегне поразот од Фиорентина на „Артемио Франки“. Давид Де хеа им одбрани два пенали на гостите, со што им овозможи на соиграчите да слават со 2.1. Инаку пенал не реализираа и домашните, при резултат 0:0, Мањан го одбрани ударот на Кен.
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, по мечот истакна дека им е лут на фудбалерите бидејќи не ја почитувале хиерархијата, бидејќи како што истакна главен изведувач на пенали е Кристијан Пулишиќ.
„Секако дека сум вознемирен бидејќи играчите самоиницијативно решаваа кој ќе шутира. Пулишиќ треба да ги шутира. Тоа никогаш повеќе не смее да се повтори, тоа им го кажав на играчите“, изјави Фонсека, кој по натпреварот имаше бурна средба со играчите.
Инаку, Де Хеа прво му одбрани пенал на Тео Ернандез, а потоа и на Тејми Ејбрахам.