Три лица се уапсени по експлозиите во близина на израелската амбасада во Данска

11-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата уапсила тројца мажи, наводно поврзани со две експлозии што утринава се случиле во близина на израелската амбасада северно од Копенхаген, пишува Њујорк Тајмс.


Двајца од мажите се уапсени на централната станица во Копенхаген, а третиот на друго место во градот, се вели во соопштението на полицијата. Не се соопштуваат повеќе детали за осомничените.

Експлозиите, кои се случиле околу 3:20 часот, според полицискиот оддел во Копенхаген, биле пријавени во Хелеруп, приморско предградие северно од Копенхаген, каде што се сместени неколку амбасади.

Мајкл Рахлин, портпарол на еврејската заедница во Данска, рече дека единственото еврејско училиште во Копенхаген е затворено бидејќи се наоѓало во близина на областа.

Експлозиите се случија еден ден откако полицијата во Стокхолм соопшти дека имало пукање во израелската амбасада таму. Полицијата во Шведска го истражува наводното пукање, но соопшти дека никој не е повреден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK