Иниеста заминува во пензија

portada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Андрес Иниеста, еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња, на социјалните мрежи објави видео со кое го најави крајот на големата кариера.


Тоа ќе го направи следниот вторник (8.октомври) во Барселона, градот во кој ги доживеа најубавите фудбалски моменти, на денот од месецот што одговара на бројот на дресот што го носеше во текот на брилијантната кариера.

Иниеста моментално е играч на Емирати на кој му се приклучи минатата година, а сега се чини дека засекогаш го напушта фудбалот.

Минатата година во јули по пет години го напушти јапонскиот клуб Висел Кобе. Иако со него освојуваше и трофеи, јасно е дека ќе остане запаметен како икона на Барселона и легенда на шпанската репрезентација.

Со Барселона освои девет шампионски титули на Шпанија, четири титули во Лигата на шампионите и вкупно 29 трофеи. Со репрезентацијата на Шпанија беше прв на Светското првенство во 2010 година и на две последователни ЕП во 2008 и 2012 година.

Иниеста стана херој и обожуван во цела Шпанија поради голот прптив Холандија во 117.минута со кој „црвената фурија“ го освои Мундијалот во Јужна Африка.

Кариерата на Иниеста:

Шпанија: 131 натпревар, 14 гола, 30 асистенции
Барселона: 674 натпревари, 57 голови, 135 асистенции
Висел Кобе: 134 натпревари, 26 гола, 25 асистенции,
Емирати: 23 натпревари, 5 гола, 1 асистенција

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK