Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека милитантната група Хезболах планира да користи куќи во селата во јужен Либан како база за напад што би наликувал на нападот на милитантната група Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.
„Хезболах ги претвори либанските села до израелските села во воени бази“, рече Хагари, како што пренесува „Тајмс оф Израел“.
Хагари изјави дека Хезболах планира „напад врз Израел, врз израелските заедници и масакр на невини мажи, жени и деца.
Тие го нарекоа тој план „Освојување на Галилеја“.