Не е невообичаено симфониските оркестри да се доближат до помладата публика и понекогаш да свират помодерна композиција, но симфонискиот оркестар во Словенија отиде чекор понатаму, турбо-фолк чекор понатаму.
Словенечкиот младински оркестар за класична музика на голема турнеја на својот репертоар ја вклучи песната на Цеце Ражнатовиќ од 2004 година „Пази скиме спаваш“.
Pazi s skime spavaš na operski način😆
Slo mladinski orkestar Ljubljana pic.twitter.com/hOoIunfQek— Bestofraznatovicka (@kozapamti) September 29, 2024
Видеото од овој концерт многу брзо се рашири на социјалните мрежи, бидејќи луѓето не можеа да веруваат во тоа што го слушаат.