Општина Гази Баба на 4 и 5 октомври ја организира големата музичка манифестација за храна, угостителство, туризам и култура “Вкусовите на Гази Баба” на плоштадот во Автокоманда со почеток од 19:30 часот.
Од општината информираат дека за манифестацијата имаат подготвено богата музичка програма во која учество ќе земат естрадни уметници од Македонија и балканот.
На 4 октомври во петок на плоштадот во Автокоманда, скопјани ќе ги забавуваат Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и познатиот српски Амадеус бенд.
Додека на 5 октомври во сабота, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Огнен Здравковски, Таско и балканската ѕвезда Хари Мата Хари.