Францускиот претседател, Емануел Макрон, се обиде да ја натера Британија да страда поради напуштањето на Европската унија, напиша поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите нови мемоари.
Во најновиот извадок од неговите мемоари „Oслободен“, Џонсон го обвини францускиот претседател дека ја користел нередовната миграција како „оружје“ за да го поткопа Брегзит, објави „Политико“.
Тој рече дека Макрон изгледал подготвен да замижи пред бандите кои шверцуваат луѓе преку Каналот и тврди дека францускиот лидер го гледал Брегзит како „ужасно навредлив потег за ЕУ и неговиот поглед на светот“.
Двајцата лидери имаа ладен однос кога Џонсон беше на функцијата, со остри несогласувања околу Брегзит, војната во Украина и правата за риболов, меѓу другите прашања.