Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за Балансерот, Законот за јазиците а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

izet-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократско правило е првите сто дена да и се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне да практикува власт, но ние се соочивме со деструктивна опозиција која секојдневно критикува, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.


„Отворија некои работи од минатото кои не ги затвориле, како што е Законот за јазиците, Балансер, Бадентер, имаа доволно време, осум години да ги решат, но не ги решија, и сега злоупотребуваат и судска власт за дневна политика.

За жал, како што рече, ги инструментализираат за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност.

„Ова не е оправдување. за жал ги инструментализираа за дестабилизација, и за магла стварање за да се спасат од одговорност. Ова не е оправдување, ние и покрај ова секојденвно бевме посветени на нашите ветувања и нашата програма. Како што ветивме има силна борба против казино бизнисот. Во овие сто дена влада имаше одлука на влада за 35 милиони евра за универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“, со што покажуваме дека сме посветени на подобро и поквалитетно образование, така ќе продолжиме на сите новоа на образование. Од сите 80 општини веќе има апликации за проекти за конкретни решенија за проблеми со кои се соочуваат граѓаните, ќе се доделат 100 милиони евра оваа година, а 900 милиони во наредните 3-4 години. Со ова покажавме дека сме посветени на децентрализацијата која е најблиска власт на граѓаните и столб на Рамковниот договор“, истакна Меџити.

Според него, евроинтеграцискиот процес, беше, е и ќе остане еден од клучните приоритети на Владата.

Тоа, како што појасни, е единствената алтернатива за сите граѓани.

Најави и дека граничните премини Табановце, Блаце, Ќафасан, ќе имаат „one stop shop“ со што значително ќе се олесни протокот на луѓе и стоки и ќе се намалат доглите чекања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK