Пожар во хемиска фабрика во близина на Атланта, жителите се евакуирани

Amerika.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожар избувна во хемиска фабрика во Конјерс, на околу 45 километри источно од Атланта, поради што некои жители беа евакуирани, додека властите им наредиле на другите да не ги напуштаат своите домови бидејќи од фабриката се испушта токсичен чад, јавуваат американските медиуми.


Локалните власти објавија дека околните патишта се затворени поради пожарот, според „Си-Ен-Ен“.

Пожарот избувна откако вчера се расипа прскалка во фабриката „BioLab“, изјави шефот на противпожарната служба во Рокдејл, Маријан МекДаниел, а пренесува АП.

Поради дефект на прскалката, објасни тој, водата се измешала со реактивната хемикалија, која потоа се запалила.

Мекданиел изјави дека во фабриката тогаш имало вработени, но дека засега нема информации дали некој е повреден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK