Пејачката Ријана на јавноста и претстави нова линија долна облека и фановите ги почести со фотографии од најновата маркетинг кампања.
Станува збор за новата колекција на нејзиниот познат бренд Savage x Fenty, а за оваа прилика пејачката позираше во предизвикувачки жолт комплет долна облека.
View this post on Instagram
На Инстаграм профилот на својот бренд таа сподели неколку фотографии на кои позира во градник со цветен, жолт тантела дезен и соодветни гаќички со чорапи. На нејзините раце има ракавици со ист дезен кои допираат над лактот, а долгата руса коса ја оставила пуштена додека позирала пред камерата.
View this post on Instagram
За само еден час откако беа објавени, фотографиите собраа повеќе од 1,6 милиони лајкови на Инстаграм и повеќе од 15.000 коментари.
View this post on Instagram
„Прекрасен комплет долна облека“, „Морам да го купам ова, жолтата ми е омилена боја“, „Самодовербата, убавината и бестрашниот стил на Ријана го осветлуваат секој аутфит што го носи“, „Ова го ставам на списокот со желби“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници.