Анџелина Џоли по две години се откажа од тужбата против ФБИ

andzelina-dzoli1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анџелина Џоли се откажа од тужбата против ФБИ по две години поради истрагата за наводниот инцидент за малтретирање меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.



Според судските документи до кои дојде Page Six, 49-годишната актерка поднела барање за отфрлање на случајот на 25 септември.

ФБИ, наводно, започнала истрага за физичката пресметка на Пит во која биле вмешани Анџелина и нивните шест деца во приватен авион во 2016 година. ФБИ покрена истрага по анонимна дојава, но таа беше затворена на 22 ноември 2016 година без да биде покренато обвинение против Бред. Анџелина поднесе барање за развод неколку дена подоцна.

Според странските медиуми, Анџелина поднела тужба во април 2022 година, повикувајќи се на Законот за слобода на информации и побарала информации за истрагата на ФБИ за инцидентот со семејно насилство во кој како жртви и сведоци биле вклучени тужителката и нејзините малолетни деца.

Во тоа време, извор близок до поранешната двојка рече дека тужбата е „стратешки потег на Џоли за да ги добие сите штетни информации што ФБИ ги има за Пит за да ги користи против него во битката за старателство“. „Анџелина веројатно бара информации за да го повреди Бред“, рекол тогаш извор.

Анџелина Џоли ги наведе непомирливите разлики како причина за барање развод и веднаш побара целосно старателство над децата. Тогаш нејзиниот адвокат Роберт Офер во изјава рече дека „одлуката на актерката е донесена за здравјето на семејството“. Бред изјавил дека е тажен поради разводот, но побарал да ја заштити приватноста на своите деца.

Разводот на крајот беше финализиран во 2019 година, додека дополнителните детали полека излегуваа. Парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој би имал само право за посета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK