Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите.
Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт Кикл ќе освои 29,1 отсто од гласовите, речиси три повеќе од конзервативната Народна партија со 26,2 отсто, но далеку од мнозинство во парламентот.
Генералниот секретар на Партијата на слободата, Михаел Шнедлиќ, беше воодушевен од првите проекции, но не сакаше да каже каква владејачка коалиција ќе се обиде да формира неговата партија.
Тие се на пат да обезбедат околу 57 места во парламентот од вкупно 183 места, додека Народната партија би освоила 51, а социјалдемократите 41 мандат.
Сепак, не се очекува некоја партија да освои доволно пратенички места за апсолутно мнозинство во собранието, а формирањето на идната коалициска влада најверојатно ќе биде тешко.
Главниот ривал на Кикло, актуелниот канцелар Карл Нехамер од Народната партија, претходно изјави дека е „невозможно да се формира влада со некој што обожава теории на заговор“.
Конзервативната Народна партија во неколку наврати ја отфрли можноста за формирање влада со Партијата на слободата.
Други партии, вклучително и Социјалдемократите и Зелените, исто така рекоа дека нема да се приклучат на владата со Партијата на слободата.
„Нема коалиција со екстремната десница“, изјави за Би-Би-Си министерката за климатски активности на Зелените, Леонора Гевеслер.
„Нема да влеземе во коалиција со партија која ги негира климатските промени, која само работи на поделба на нашето општество и ширење страв и теории на заговор.
Austria’s Freedom Party (FPO) won Sunday’s general election with 30% of vote. European patriots are waking up everywhere. Europe belongs to Europeans.
— AMERICAN NEWS DESK (@AmericaHistory8) September 29, 2024
Околу 6,3 милиони Австријци имаа право да гласаат на избори на кои доминираа прашањата за миграцијата, азилот, како и инфлацијата и војната во Украина.