Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

picture-1547-660x500.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште Ѓорѓија Пулевски во скопската општина Аеродром, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.


Инспекциски служби на агенцијата во соработка со тимови од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Институтот за јавно здравје – Скопје, спровеле вонреден инспекциски надзор во кујната во училиштето.

„Земени се 4 контролни оброци од храната која на учениците им била послужена минатиот ден, мостри од храна – салата од краставица, супа, мусака со мелено месо и компири и бомбици кои ќе бидат лабораториски испитани. Исто така за лабораториско тестирање земени се и 5 бриса од работни површини и од опрема, како и испироци од раце од вработените лица во кујната.

Изречени се мерки за темелно чистење на кујната, дезинсекција, дезинфекција и дератизација, спроведување на вонредни здравствени прегледи на вработените лица во кујната“, се истакнува во информацијата од агенцијата..

Од кујната како што се појаснува не се носеле оброци за други училишни кујни, се до добивање на резултатите од лабораториските тестирања со кои ќе се потврди безбедноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK