Во израелскиот напад врз јужен Либан загинаа девет лица, меѓу кои и деца

Screenshot-2024-09-27-103502.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во воздушен напад на израелските сили рано утринава, убиени се девет лица од исто семејство, а меѓу нив има четири деца, во пограничниот град Шеба на југот на Либан, јавува Ројтерс повикувајќи се на градоначалникот на Шеба, Мохамад Сааб.



Нападот е извршен утринава околу 03 часот, изјави Сааб за британската агенција.

Израелската армија сè уште не ја презела одговорноста за нападот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Хезболах: Испукавме голем број ракети како одговор на дивјачките напади на Израел

Либанската милитантна група Хезболах потврди дека нејзини членови истрелале голем број ракети врз израелскиот град Тиберија, пренесува Франс прес.

Во соопштението Хезболах истакна дека ова е одговор на „дивјачките“ напади на Израел врз либанските градови и цивили. Израелската армија претходно објави дека беспилотни летала и проектили од Либан влегле на израелска територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK