(Видео) Путин се закани на Западот со нуклеарно оружје, „но овој пат заканата беше малку поинаква“, наведува Скај њуз

Putin34.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчерашниот говор на Владимир Путин, во кој тој му се закани на Западот со нуклеарно оружје, не беше прв, а веројатно ниту последен пат кога прибегна кон таков пристап. Но, како што наведува московскиот дописник на Скај њуз Ајвор Бенет, овој пат заканата беше малку поинаква од оние што имавме можност да ги слушаме откако Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.



Како што наведува, тоа бил „поконкретен, подефиниран обид на Москва да ги прекрои црвените линии“. Сето ова е поврзано со руската нуклеарна доктрина – документ кој дефинира кога и како Москва може да го користи својот нуклеарен арсенал.

„Во моментов тоа е само ако е загрозено постоењето на државата. Но вчера Путин рече дека сака да ја промени оваа доктрина, така што, теоретски, Русија може да одговори со нуклеарни бомби на напад од која било држава што користи конвенционално оружје – како на пр. проектили, беспилотни летала и авиони“, јави дописникот на Скај њуз од Москва.

Ова е значајно бидејќи токму тоа се случува со Украина, посочува тој. Путин, исто така, рече дека Кремљ ќе го разгледа секој напад од ненуклеарна сила поддржана од нуклеарна сила како заеднички напад. Тоа е всушност предупредување, или закана за сојузниците на Украина.

Кремљ денеска дополнително ја нагласи оваа закана, па портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, тврди дека вчерашната најава за промена на руската нуклеарна доктрина „Западот треба да ја сфати како специфичен сигнал“.

Но, треба да се има на ум дека Путин претходно се закануваше дека ќе возврати на Западот, а не „само“ нуклеарно и не реализираше ниту една од овие закани. Испраќањето проектили, тенкови и борбени авиони во Украина дојде и пројде без никакви последици.

Имаше, се разбира, многу руски закани за нуклеарен Армагедон и можеби сега двете страни чувствуваат дека овој вид јазик изгубил дел од своето влијание, вели дописникот на Скај њуз и заклучува дека веројатно тоа е уште еден блеф на Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK