Министрите за економија на Западен Балкан се собраа во рамките на Берлинскиот процес

cefta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Берлин, 24 септември 2024 година – Министрите за економија се собраа во Берлин за да одбележат десет години од Берлинскиот процес и да ја постават идната агенда. Данијела Гацевиќ, вршител на должноста директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, присуствуваше на конференцијата организирана од Сојузниот министер за економски прашања и климатска акција, д-р Роберт Хабек.

Конференцијата, која ги собра министрите, бизнис лидерите и меѓународните експерти, се фокусираше на оценување на напредокот кон создавање на Заеднички регионален пазар (ЗРП). Економските можности на регионот во неговото приближување кон интеграција во ЕУ беа во центарот на дискусиите заедно со десет важни ЦЕФТА договори за олеснување на трговијата кои се во процес на усвојување.



Гацевиќ го истакна значењето на овие одлуки за постигнување целосна слобода на движење на стоки и услуги: „Усвојувањето на овие договори ќе биде важен чекор кон создавање на Заеднички регионален пазар во согласност со ЕУ. Секој од нив е пакет придобивки за бизнисите и потрошувачите, кој не само што ќе нè приближи едни кон други, туку и кон ЕУ. Затоа е од клучно значење што побрзо да ги усвоиме“.

Договорите под ЦЕФТА ги усвојува Заедничкиот комитет во форма на одлуки, дополнителни протоколи или препораки. Во моментов, десет вакви договори се чека да бидат усвоени во различни области: електронска трговија, услуги за испорака на пакети, спречување на неоправдано гео-блокирање, професионални квалификации, интелектуална сопственост, управување со ризици, услуги на патнички агенции, автомобилско осигурување, признавање на авторизирани економски оператори и решавање на трговски спорови.

Резултатите од конференцијата го потенцираат сè поголемото значење на Западниот Балкан на европската економска сцена. Напредокот кон ЗРП отвора врата кон Единствениот пазар на ЕУ, користејќи ги можностите обезбедени од Планот за раст на ЕУ.

Пред конференцијата, Форумот за бизнис ги собра германските и западнобалканските компании за B2B настан насочен кон поттикнување на заеднички синџири на снабдување и промовирање на инвестициски можности во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK