Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети

изјава-о.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

-Сметам дека со средствата од Владата на Република Македонија, конечно ќе се решат децениски проблеми кои пред се’, се поврзани со подземната инфраструктура, поврзани со проблеми кои самите општини, посебно оние помалите низ Македонија, не можеле да ги решат иако имале изготвен проект. Ќе бидат многу проблеми решени во образованието преку изградба на нови училишта, додека преку изградба на нови градинки ќе се реши недостигот на слободни места. Сметам дека повикот помина успешно, ќе го чекаме резултатот на крај, но финално, како што кажав ова ќе биде решение за децениски проблеми на општините и нашите граѓани-изјави Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во рамки на настанот за зајакнување на капацитетите на општините за искористување на капацитетите и зголемена децентрализација.


Запрашан дали поради задолженоста на општините смета дека треба да се намали бројот на единици на локалната самоуправа, Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски кажа дека актуелната организација на општините е добра, но она што претставува проблем е тоа што одредени раководни лица немаат добри менаџерски способности.

-Добра е организацијата на општините, со минорни недостатоци кои не повлекуваат намалување на бројот на единици на локалната самоуправа. Проблемите се индивидуални, односно, некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети. Како пример, секогаш ја наведувам мојата општина Кисела Вода, која ја наследив со долг од 3.5 милиони евра и која долги години наназад имаше нерешени проблеми. Со добра организација и менаџмент се постигнува резултат и тоа е изводливо во секоја општина. Сметам дека во минатото се направи грешка од страна на една претходна Влада, кога се доделија средства на општините за раздолжување и тоа дополнително мотивираше поединци недомаќински да ги третираат буџетите и доведени во една состојба на комоција, дополнително да се задолжат после тоа. Ова е вистинскиот клуч, вистинскиот начин на кој треба да се распределат средствата од Владата. Тие да бидат наменски за проекти. Се’ останато ќе остави простор во кој градоначалникот може да биде доведен во состојба на комоција што нaместо проекти, може да генерира нови долгови и задолжувања, како што имало бројни примери во минатото, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој истакна дека има доста успешни и помалку успешни општини, но дека верува во капацитетите на градоначaлниците низ Македонија, дека работат заеднички постојано трудејќи се да ги надминат децениските проблеми и дека очекува драстично да се подобрат состојбите по потпишувањето на Меморандумот за соработка со новата Влада, чекор на кој се чекаше 21 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK