Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекџилниците, помалите маркети

343190264_253500257051005_4949808220118151931_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија, информираат од Државниот пазарен инспекторат.


„Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек“, нагласуваат во соопштението.

Напоменуваат дека толеранција нема да има и дека трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK