ЈАВЕН ПОВИК за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Куманово

Јавен-Повик-за-Иницијативен-одбор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Формирањето на Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Куманово е еден од чекорите за формирање на Локалниот младински совет.

Општина Куманово го објавува Јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади.


Ова тело ќе биде составено од минимум (5) членови, а во истиот може да членуваат претставници на: младински организации, организации  за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на Општината. Предложените лица треба да се жители на Општина Куманово, на возраст од 15 до 29 години.

Јавниот повик е достапен на следниот линк:  ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР 08-9369/1

Сите заинтересирани млади од нашата Општина кои ги исполнуваат условите можат да ги достават документите во архивата на Општина Куманово на ул. “11 Октомври” бб., 1300 Куманово, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Јавниот повик ќе биде отворен десет (10) работни дена, почнувајќи од Среда 25 септември 2024 заклучно со Вторник 08 октомври 2024 година.

Локалниот младински совет ќе придонесе за подобрување на состојбите на младите на локално ниво. Младинскиот совет ќе спроведува активности и политики за млади согласно Законот за младинско учество и младински политики.

Документи поврзани со јавниот повик:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР 08-9369/1

ПРИЈАВА ЗА НОМИНАЦИЈА НА ЧЛЕН ВО ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ИЗЈАВА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА НОМИНАЦИЈА ЗА ПРЕТСТАВНИК

The post ЈАВЕН ПОВИК за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK