„Браќа Манаки“: „Состојба на умот“ од кинематограферот Душан Кардалевски и во режија на Александра Кардалевска денеска во киното „Манаки“

frame-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Состојба на умот“, штотуку го започна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.


Краткометражниот филм „Состојба на умот“ („Frame of Mind”), ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Манаки“, како дел официјалната краткометражна програма во компетиција за наградата „Златна камера 300“.

„Состојба на умот“, штотуку го започна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.

„Чест е да се има ова дело на токму ваков фестивал што ги вреднува кинематографските квалитети што веќе беа воочени во други земји. Филмот зборува за едноставна, но универзална приказна, за љубовта, загубата..“, велат авторите.

На денешната краткометражна програма ќе бидат прикажани и „Вистинската вистина за борбата“ на Алана Мехиа Гонзалес, „Овца“ на Адиб Собхани. „Оддалечување“ Петер Колањи и „Добро момче“ на Кинан Масарани.

По проекциите публиката ќе има можност за дискусија (Q&A).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK