Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, 7 години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот.
„Покрај тоа што ја ограбиле државата, СДС и ДУИ нанеле трајни штети врз иднината на државата и поставиле Дамоклов меч над буџетската каса тежок 1.3 милијарди евра.
Извештајот на ДЗР нотира и се повикува на Координативното тело за следење на арбитражните постапки кои произлегуваат од склучените односно ратификуваните меѓународни договори на Република Македонија, кое изработило анализа и утврдило дека доколку државата ги изгуби споровите, вкупен износ на средства што потенцијално би требало да се платат се во износ од 82.267.500 илјади денари или 945 милиони евра и 420 милиони долари, што ќе има импликации врз Буџетот во наредните години“, вели Митева.
Ревизијата, како што појаснува, нотира на потреба за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел утврдување на одговорност.
„Иако ревизијата е направена 2023 година, власта на СДС и ДУИ тоа не го направиле, иако имале можност за тоа. Истото не е направено затоа што тие се причинител на проблемот.
СДС и ДУИ со државата се однесувале без основна грижа и домаќинлук.
Штетите кои Македонија може да ги има во иднина се огромни. Одговорност мора да има“, нагласува Митева.