Скопјанец на интернет видел оглас за вработување во странска земја и уплатил над 10.000 денари: останал без пари и без работа

plakanje-preku-internet.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 21.00 часот во СВР Скопје, 25 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од женско лице за сума од околу 11.000 денари.


Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите.

Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK