(Видео) Тинејџери запалија хеликоптер во Русија, обвинети се за тероризам

224bc18a-08cb-45a5-a0ab-761dc1fe112f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца тинејџери во областа Омск во Западен Сибир се уапсени и обвинети за тероризам поради палење на хеликоптер, објави прес-службата на регионалниот суд, пишува Москва тајмс.


Каналот на Телеграм База вчера објави видео на кое еден од тинејџерите признава дека упаднал во хелиодромот и го запалил хеликоптерот.

Двајцата тинејџери тврдат дека непознато лице кое ги контактирало на Телеграм и им дало инструкции, им понудило 20.000 долари.

Но, пораките наводно биле избришани, а 16-годишниците никогаш не ја добиле ветената исплата. Тие сега се соочуваат со обвиненија за тероризам и се во административен притвор од два месеци.

Ова е втор подметнат пожар на хеликоптери во Русија за еден месец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK