Италија: назначени тимови за изготвување на закони за нуклеарна енергија

677z381_677z381_677z381_Nuklearna-elektrana-politika.rs_.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанската влада назначи тимови за изготвување конкретни закони кои ќе се занимаваат со обновениот интерес на земјата за нуклеарната енергија, како и парламентарни комисии кои ќе ги испитаат можностите, посочува порталот Еуроњуз.



Италија можеби ќе се откаже од титулата како единствена членка на Г7 без нуклеарни централи, бидејќи стремежот за нуклеарна независност и потребата да се намали зависноста од фосилните горива ја поттикна актуелната влада да го преиспита својот пристап кон нуклеарната енергија.

Италијанскиот министер за животна средина Жилберто Пиќето Фратин ги најави плановите за воведување нови регулативи до крајот на годината за да се овозможи употреба на нуклеарни технологии во земјата, со цел новата регулатива да се воспостави до 2025 година.

Мерките ќе го сменат постепеното укинување на нуклеарната енергија во Италија, кое започна по референдумот во 1987 година, проследено со слична забрана во 2011 година. Во согласност со обновениот интерес за нуклеарната енергија, назначен е тим за изготвување конкретна легислатива за справување со ова прашање, покрај две парламентарни комисии кои спроведуваат истрага за да го испитаат ова прашање, пишува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK