Министрите на ЕУ го поддржаа проширувањето со Западен Балкан

5-19.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска на седницата на Советот за општи работи на ЕУ посветена на приоритетите на унгарското претседателство го поддржаа процесот на проширување на ЕУ заснован на заслуги, вклучително и за Западен Балкан.



Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на седницата, на која ги презентираше приоритетите на унгарското претседателство, меѓу кои и конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, рече дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ.

„Треба да го одржиме овој успех за да се осигураме дека тоа е засновано на заслуги, избалансирано и веродостојно. Наскоро доаѓа пакетот за проширување. Ги погледнавме земјите од Западен Балкан и изгледите за членство во ЕУ во овој поглед. Без ова, европската заедница не може да биде комплетна“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK