„Ве изневерив сите“: пронајдено писмо во кое осомничениот за последниот атентат на Трамп повикува да се убие и да се „заврши работата“

677z381_677z381_tramp-636b4c55339f9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осомничениот за последниот атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Рајан Весли Раут (58), оставил писмо во Флорида дека има намера да го убие републиканскиот кандидат на ноемвриските избори, пишува АП. Исто така, во неговиот автомобил е пронајдена и рачно напишана листа на датуми и места каде Трамп требало да се појави, соопшти американското Министерство за правда.



Новите наводи беа вклучени во документот за притвор поднесен пред сослушувањето во понеделникот, каде што се очекуваше Министерството за правда да тврди дека 58-годишникот треба да остане зад решетки додека случајот дополнително се истражува.

Дополнителните детали се наменети да ги поддржат тврдењата на обвинителите дека Раут е закана за јавната безбедност со однапред смислен план за убиство на Трамп. Според официјални лица, заговорот бил спречен од агент на Тајната служба кој забележал пушка како излегува од грмушките на теренот за голф во Вест Палм Бич, каде што Трамп играл во неделата, на 15 септември.

Пораката била во кутија, оставена неколку месеци претходно во куќата на непознато лице кое ја отворило дури по апсењето на осомничениот минатата недела. Во кутијата имало и муниција, метална цевка, градежни материјали, алати, телефони и разни писма. Лицето кое ја примило кутијата и контактирало со полицијата не е идентификувано во соопштението на Министерството за правда.

Една порака, насловена „Драги свету“, се чини дека е напишана под претпоставка дека обидот за атентат не успеал.

„Ова беше атентат на Доналд Трамп, но јас не успеав. Дадов се од себе и вложив се што можев. Сега останува на вас да ја завршите работата и нудам 150.000 долари на кој може да ја заврши работата“, се наведува во пораката, според обвинителите.

Адвокатот на Раут не одговорил за коментар, пренесува АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK