Вчера во 03.30 часот на крстосницата од улиците „Борис Трајковски“ и „Кумановска“ во Велес, 33-годишниот М.М. од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти МВР.