Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам.
Како што пишува „Вашингтон пост“, напаѓачот бил приведен, но и пренесен во болница бидејќи бил ранет.
Исто така, се наведува дека со два ножа нападнал случајни минувачи на улица.
Netherlands: One person dead, several injured in stabbing in #Rotterdam. Suspect shouted “Allahu Akbar”. pic.twitter.com/mH7KCqjWC8
— Oo ps (@ps_trump) September 20, 2024
Портпаролот на полицијата Весел Столе изјави дека нападот се случил недалеку од мостот Еразмусбруг.
– Истражуваме кој бил мотивот на нападот. Ги проверуваме сите можни сценарија – рече тој.
Холандскиот дневен весник „Де Телеграф“, повикувајќи се на очевидци на местото на настанот, објави дека маж по случаен избор нападнал луѓе со два ножа додека извикувал „Алаху Акбар“.
Еден случаен минувач го удрил напаѓачот со две палки и успеал да му ги тргне ножевите. Како што сведочел минувачот, прво мислел дека се работи за тепачка, но кога се доближил видел дека напаѓачот држел два ножа и со нив ги прободува минувачите.