(Видео) Атлетико во 90.минута до триумф над Лајпциг, Барса со играч помалку падна во Момте Карло

12514773.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетико Мадрид, Монако и дебитантот Брест славеа во првото коло во Лигата на шампионите, додека Аталанта и Арсенал одиграа натпревар без голови. Атлетико, Монако и Брест со идентични 2:1 забележаа победи над Лајпциг, Барселона и Штурм.



На „Сивитас Метрополитано“, Атлетико на погонот на Гризман го победи Лајпциг. Херој е дефанзивецот Хименез кој постигна гол по центаршутот на Гризман во 90.минута.

Претходно Лајпциг ги шокира домашните навивачи беќе во четвртата минута кога Шешко го совлада репрезентативниот колега Облак.

Тоа беше се од Лајпциг на овој натпревар се до 80.минута кога добра шанса имаше Поулсен.

Атлетико доминираше и впечатокот е дека многу порано играчите на Чоло Симеоне можеа да го решат прашањето околу конечниот победник.

Две добри шанси имаа до израмнувачкиот гол (Гризман и Кореа), а во 28.минута Гризман од 11 метри фати полуволеј и ја смести топката зад грбот на Гулаши.

Македонскиот репрезентативец Елмас на теренот влезе во 83.минута на местото на Чави Симонс.

Во Монте Карло, Монако и го нанесе првиот пораз оваа сезона на Барселона. Натпреварот на стадионот „Луј II“ го следеше легендарниот Мајкл Џордан.

Работата на домашните им ја олесни Ерик Гарсија кој во 10.минута доби црвен картон. Шест минути подоцна Монако дојде до предност кога Акелијуше го совлада Тер Штеген. Барселона успеа да се врати во натпреварот во 28.минута кога Ламин Јамал соло акцијата ја заврши со гол.

Овој резултат беше активен до 72.минута кога Леникена го искористи совшеното додавње од 50 метри на Вандерсон излезе сам пред Тер Штеген и погоди за 2:1.

Брест деби настапот во Лигата на шампионите го заврши со победа. Историскиот прв гол за овој тим во елитното натпреварување го постигна Магнети во 23.минута. Изедначи на истекот на првиот дел Фернадеш кој си постигна авто-гол. Победата на Брест му ја обезбеди Сима во 56.минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK