Муцунски до Столтенберг: Вашата значајна улога во турбулентните години го зајакна и модернизира НАТО

mucunski-stoltenberg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Брисел, се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој наскоро ќе замине од оваа позиција. По тој повод, министерот му врачи на Столтенберг благодарница и плакета за извонредни достигнувања и придонес за евроатлантската безбедност.


Изразвувајќи благодарност за неговото лидерство и водењето на организацијата, истовремено нагласувајќи ја важната поддршка за нашето членство во Алијансата, министерот Муцунски го истакна значењето на личните напори на Столтенберг за зачувување на заедничките вредности и одржување на мирот и стабилноста во Западен Балкан, регион од стратешко значење за НАТО, известува МНР.

Воедно, тој ја потенцираше и посветеноста кон политиката на отворени врати на Алијансата, како клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност.

„Вашата значајна улога во турбулентните години го зајакна и модернизира НАТО, правејќи ја Алијансата покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста во евроатлантската област“, нагласи Муцунски на средбата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK